Локални избори

Максим Димитриевски прогласи убедливо водство во Куманово

Приврзаниците на независниот кандидат Максим Димитриевски веќе излегоа на плоштадот во Куманово и прогласија победа на нивниот граѓански концепт За наше Куманово. Од штабот на Димитриевски соопштија убедлива победа на нивната советничка листа и убедливо водство за градоначалник на Куманово пред вториот круг.

„Ова е победа на граѓаните за граѓаните на Куманово. Нашиот концепт е граѓански и тој концепт ќе победи и во вториот круг. Македонија мора да се менува. Куманово секогаш го следи трендот и секогаш бил предвесник на промените. Граѓаните на Куманово победија“, рече Димитриевски и додаде дека убедливо води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе