11 Октомври, Куманово

Максим Димитриевски: Никој од Бугарија досега не се извинил за злоделата што ги направиле во Македонија

Ако некој сака да избрише дека сме се бореле против бугарскиот фашистички окупатор, тој тогаш историјата или не ја смета за своја, или има некаков друг проблем, изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој денеска положи свежо цвеќе пред спомен Костурница и се обрати пред присутните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание.

„Денес од кога било порано е важно да ги знаеме нашите корени, нашите битки, нашата историја, затоа што таа историја е корен на нашиот идентитет. Денес од кога било порано е важно да знаеме дека македонскиот идентитет не е и не смее да биде предмет на договори. Идентитетот не се брише со гума, не се менува, тој останува. Ние политичарите сме менлива категорија, а народот е тој истиот.

Народот е тој што го носи идентитетот и никој, ама баш никој, не смее да си игра со тоа прашање. А ако некој сака да избрише дека сме се бореле против бугарскиот фашистички окупатор, тој тогаш историјата или не ја смета за своја,  или има некаков друг проблем. Да не бидам погрешно сфатен,  јас немам против ниту еден народ негативни чувства. Но имам проблем кога некој се обидува да не претстави како дел од друга нација и друга историја. Е тогаш секој од нас има право да реагира. И бидете сигурни ваков случај, како нашиот македонски нема никаде во светот. Никаде на друго место не се негира постоењето на еден народ, каде има обиди за менување на историја и за бришење на делови, што на некого не му одговараат.

Јас имам проблем со бришењето на зборот бугарски од спомен плочите, бидејќи моето семејство, нашите семејства се бореле против тој окупатор. Јас имам проблем бидејќи никој од Бугарија досега не се извинил за злоделата што ги направиле во Македонија, по примерот на Германија и нивните канцелари Брант и Меркел, туку се обидуваат да ги избришат од историјата. Е па тоа не може да се случи! Не смееме да дозволиме тоа да се случи! Заради нашите предци, заради нашите поколенија.

Мора да постојат црвени линии, кои не смееме да ги поминеме и мора да порачаме дека секој оној што сака да го стори тоа народот ќе го казни. Бидејќи овој народ знае да ја покаже својата сила најмногу кога некој го потценува. Овој народ знае да ја покаже својата сила кога некој сака да го понижи...

Како да сме изгубени помеѓу лукративните зделки и националните интереси. А кога ќе ги споите зборовите зделка и национален интерес, во едно резултатот ќе биде поразителен за сите нас. Затоа сега повеќе од кога било сме пред патоказ кој пат ќе го одбереме, оној каде иднината носи сигурност, или оној каде иднината носи реприза од минатото.

Сега од кога било порано е важно да се сплотиме и да покажеме отпор, бидејќи немаме време за чекање. Поминаа многу години, нештата не се менуваат на подобро, си одат младите луѓе од државата затоа што немаат перспектива.

Немаме време да чекаме да дојдат подобри времиња. Мора нив да ги создадеме. А ќе ги создадеме само ако заеднички се бориме против неправдата.

Нема правда, нема мир не смее да остане белег само на една битка. Таа треба да биде потсетник дека нема да дозволиме да се повторат истите сценарија. И мора да има правда за сите подеднакво, а така само ќе бидеме мирни дека живееме во средена држава“, изјави Максим Димитровски.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе