Реакција

Максим Димитриевски: Ковачевски да ја преиспита работата на Османи, Петков да се извини

Вчерашното присуство во Битола на Бугарскиот владин врв на отварањето на клубот на Бугарите во Македонија „Ванчо Михајлов“ е само уште една од низата провокации кон Македонскиот народ и нашата држава Македонија, реагира градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. 

 

„Ванчо Михајлов е еден од најголемите негатори на постоењето на македонскиот народ и државност, фашистички соработник и противник на антифашистичката борба на македонскиот народ и другите сојузнички народи во Втората светска војна и промотор на тезата за голема Бугарија во која ја присоединува и територијата на денешна (Вардарска Македонија). Ова се лесно проверливи и меѓународно потврдени историски факти.

Поради тоа му предлагам на бугарскиот премиер Кирил Петков нека си го слави и воздигнува Ванчо Михајлов во Бугарија и со тоа само ќе потврди дека добар дел од бугарската политичка елита никогаш не се откажала од фашистичката идеологија... Притоа повеќе не треба да ги вознемирува тезата дека Македонија била окупирана од бугарски фашистички окупатор... и не треба да им сметаат спомениците од НОБ на кои пишува бугарски, четнички и балистички окупациски и злосторнички сили.  

...Му предлагам на премиерот Петков да поразговара со доц. др. Иван Сечанов (претседател на Сојузот на ветераните од војните на Бугарија и учесник во НОБ како дел од партизанската бригада Христо Ботев, антифашист кој има 95 години) и да го праша кој е Ванчо Михајлов и дали ваквиот потег е всушност величење на фашизмот?

Господине Петков, при нашата куса средба во Сандански во вас видов млад и образован човек кој на регионот му мисли и посакува добро, но оставете ја декларативноста, направете суштински чекор по примерот на големиот Вили Брант, извинете се во името на нацијата, осудете го фашизмот и дури тогаш можеме вистински, а и братски да продолжиме заедно сите од регионот на патот кон ЕУ.

Дотогаш ние како “добар сосед" во оваа наша Македонија ќе си го славиме Гоце Делчев и Јане и Даме и Карпош и многу други како столбови и творци на нашата македонска држава и ќе си ги чествуваме и празнуваме хероите од антифашистичката борба и коалиција како пример за непокор на македонскиот народ и како доказ дека во историјата сме биле секогаш на вистинската страна, страната на поробените и онеправдените.

Во оваа прилика сакам да упатам порака и до нашиот премиер Ковачевски најпрвин сериозно да ја преиспита работата на министерот Османи и да ги преземе сите чекори за негово разрешување и веднаш јавно да даде изјава во која ќе ги осуди постапките на бугарскиот државен врв и ќе застане на браникот на македонските национални интереси што е впрочем негова уставна обврска заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Поголема провокација и навреда од оваа немало, молкот е повеќе од срам“, изјави Максим Димитриевски.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе