Локални избори

Максим Димитриевски: Го слушаме гласот на граѓаните за наше Куманово

Имаме план и визија за развој на општина Куманово. За четири години реализиравме голем број на проекти и го подобривме квалитетот на живот, изјави независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски кој вечерва одржа средби со жителите од село Пчиња, село Доброшане и населбата Јане Сандански (Бабин дол).

Внимателно го слушаме гласот на граѓаните и работиме заеднички за мое, за твое и за наше Куманово, вели Димитриевски.

„И денешниот ден го поминавме меѓу граѓаните. Го посетивме пазарот во Долно Којнаре каде заедно со носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска, поделивме промотивен материјал. Разговарав со жителите и заеднички разменивме размислувања за подобрување на квалитетот на живот.  Им се заблагодарив за поддршката, во мене тие имаат голем пријател кој ќе направи сè за унапредување и подобар живот за наше Куманово“, порача Димитриевски.

 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе