Во Собранието

Максим Ацевски предложен за главен државен ревизор

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го предложи Максим Ацевски за главен државен ревизор. Одлуката на Комисијата е донесена едногласно, а нејзиниот претседател Илија Димовски кажа дека нејзините членови дошле до општо прифатливо решение економистот од Велес, Ацевски да му биде предложен на Собранието на главен државен ревизор.

Димовски рече дека нема сомнеж дека сите 12 кандидати би биле добар избор, но сепак членовите постигнале согласност за Ацевски. Според него, потребно е да се комлетира оваа институција пред изборите, со цел да може да си ги врши своите законски и уставни надлежности.

Ацевски е дипломиран економист од Велес, а во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник со што беше доведено во прашање фунционирањето на институцијата.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе