Средба во Париз

Макрон-Пленковиќ: Ако помине методологијата за проширување, Македонија ќе почне преговори со ЕУ

Почетокот на преговори на ЕУ со Македонија и со Албанија откако ќе се смени методологијата на пристапниот прицес, била една од темите за кои разговарале францускиот претседател Емануел Макрон и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на нивната средба во Париз. 

„Разговаравме за отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, како да се направи напредок во модификацијата на методологијата на пристапните преговори и пред Самитот на ЕУ и Западен Балкан во мај во Загреб, за да создадеме атмосфера и оние земји кои имаа резерви, да се согласат на продолжување на процесот на пристапување. Тоа беше суштината на нашиот разговор на оваа тема”, изјавил Пленковиќ по работниот ручек со Макрон во Елисејската палата.

Макрон, пак, кажал дека сака Самитот во Загреб да биде успешен и дека промената на методологијата на преговарачкиот процес е предуслов за започнување преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ.

„Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на Самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа. Франција предложи нова методологија, со цел процесот на проширување да не биде само бирократски процес, туку вистински политички пат напред кој може да биде и забрзан и реверзибилен, кој содржи услови, но и конкретни придобивки за земјите кандидати”, изјавил Макрон.

Хрватска на 1 јануари го презеде претседавањето со Унијата и сака да го одблокира процесот на проширување откако Франција на самитот во октомври го блокираше започнувањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Пленковиќ вели дека е задоволен што Макрон изразил оптимизам за успех на Самитот во Загреб, бидејќи за Хрватска таа средба е исклучително важна и во нивен интерес е земјите кандидати да бидат стабилни, да преземат економски и социјални реформи.

Инаку, Пленковиќ и Макрон разговарале и за главните предизвици на хрватското претседавање со Унијата, за подготовките за самитот во мај и за Конференцијата за иднината на Европа, за Брегзит, како и за билатералните односи.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе