Макрон наскоро во посета на Скопје и Тирана на средби со Заев и Рама

Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел поздравувајќи ја храброста на премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама најави дека наскоро ќе ги посети двајцата премиери, јави дописникот на МИА од Париз.

Тој денеска на прес-конференцијата истакна дека немало едногласност за датумот за преговори за Македонија и Албанија. Имало големо мнозинство, но голем број земји кажале „не“ за Албанија.

„Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла“, додаде тој.

„Постои контрапродуктивна и погрешна стратегија за вршење притисок врз Франција и Холандија, особено за прашањето за проширување на Европската Унија со Албанија и Северна Македонија“, изјави анонимен извор во Елисејската палата.

„Имаше игра на притисок што се чинеше како несакана и која се состоеше во следново: има такви што имаат стратешка визија за нештата, вклучително и оние кои не се подготвени да ги отворат вратите за преговорите“, беше речено од Елисејската палата. 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе