Процесот продолжува, нагласил Макрон.
Францускиот претседател рече дека по гласање за францускиот предлог во Софија, во следните денови ќе продолжат размените на мислења со „партнерите во Бугарија и Северна Македонија“.
„Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено, ова е многу добар сигнал, сакам да му честитам на бугарскиот премиер и на опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на 'Северномакедонците' за нивниот напредок“, рече францускиот претседател, кој додаде дека „има уште работа", ги пренесува МИА изјавите на Макрон.
Инаку и вчера Макрон го употреби зборот „Северномакедонци“, а денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е контактирано со француската амбасада во врска со тоа и рече дека „Макрон апсолутно направил ненамерна грешка“.
Дали е повторно ненамерна грешка или пак се работи за „водење грижа за бугарските интереси“, останува да се види.