Францускиот претседател со нова „иритирачка“ изјава

Макрон ја поздрави одлуката на Софија и им се заблагодари на „Северномакедонците“

„Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот парламент со што се отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија, а со тоа напредок на албанското досие“, изјави претседателот на Франција Емануел Макрон попладнево на прес-конференцијата во Брисел и им се заблагодари на „Северномакедонците“, употребувајќи го повторно навредливиот збор.

Процесот продолжува, нагласил Макрон.

Францускиот претседател рече дека по гласање за францускиот предлог во Софија, во следните денови ќе продолжат размените на мислења со „партнерите во Бугарија и Северна Македонија“.

„Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено, ова е многу добар сигнал, сакам да му честитам на бугарскиот премиер и на опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на 'Северномакедонците' за нивниот напредок“, рече францускиот претседател, кој додаде дека „има уште работа", ги пренесува МИА изјавите на Макрон.

Инаку и вчера Макрон го употреби зборот „Северномакедонци“, а денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е контактирано со француската амбасада во врска со тоа и рече дека „Макрон апсолутно направил ненамерна грешка“.

Дали е повторно ненамерна грешка или пак се работи за „водење грижа за бугарските интереси“, останува да се види.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе