Макрон го пречека Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски вечерва присуствуваше на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, а беше пречекан од францускиот претседател Емануел Макрон. 

„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици”, напиша Пендаровски на неговиот Фејсбук профил.

Според најавите, Пендаровски утре ќе има средба со Макрон на која се очекува да разговараат за европската перспектива на Македонија, за проширувањето на Унијата и за новата методологија на преговарање која ја заговара Франција.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе