„Макканабис” ги повика СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ законот за канабисот да го донесат пред избори

Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска апелираше до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции.

 

Од Здружението побараа законот, што е доставен до Собранието, да се донесе пред распишување на изборите, односно да добие статус на закон кој се носи по скратена постапка за да може да биде изгласан на наредната седница.

„Апелирам до сите политички чинители во државава да престанат игрите со донесувањето на новиот Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, кој како некој намерно да не сака да се донесе. Апелирам до сите партии, а најмногу до трите најголеми партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да престанат со ситно политичко профитерство и здружено да се донесе овој закон пред да се распишат предвремени парламентарни избори”, рече Костадин Дуковски, претседател на Здружението „Макканабис“ на прес-конференција.

Тој порача сите забелешки што пратениците ќе ги дадат на законот да бидат конструктивни, со амандмани на конкретни членови и апелира да се воздржат од собирање политички поени пред избори.

„Веќе неколку месеци како да има некоја невидлива сила која што намерно го кочи законот да не биде изгласан во Парламентот. Со тоа сите компании кои имаат инвестирано милионски суми во евра во своите бизниси губат и многу е можно целосно тој бизнис да пропадне во земјава и државата да ја изгуби огромната шанса, што се уште и се укажува, а тоа е да биде лидер во продукцијата на медицинскиот канабис”, рече Дуковски.

Со одолжувањето на донесување на законот, според Дуковски, губат сите кои инвестирале во овој бизнис, илјадници семејства кои што со примарна и секундарна дејност ќе живеат од бизнисот, а најмногу, како што рече, губи државата и огромни средства кои би се слеале во буџетот, како и можноста да се позиционира како европски лидер во оваа бранша и на производствено, но и на научно-истражувачко поле.

Во делот на гаранцијата, Дуковски рече дека се прифатени нивните барања и гаранцијата сега е смалена на 300 илјади и смета дека таа е смалена со добри образложенија и добри емпириски истражувања, затоа што во интерес на сите е што повеќе инвеститори да влезат во земјава и да се отворат повеќе работни места.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе