Се сомневаат во задкулисни игри

„Макканабис“ бара Џафери веднаш да го стави на седница законот за канабисот

Од Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска го повикаа претседателот на Собранието, Талат Џафери да го стави на седница Законот за опојни дроги и психотропни супстанции и ги повикаа пратениците да го изгласаат овој Закон пред да бидат распишани изборите.

Оценката на Здружението е дека дополнително одолговлекување ќе биде фатално за четириесетина лиценцирани компании кои работат во оваа област, а на 740 вработени во индустријата за производство на канабис им се заканува отпуштање од работа затоа што фирмите не можат да продолжат да функционираат без законски да се дорегулира оваа дејност.

„Есенцијално е потребно овој закон да помине за да ја спасиме индустријата. Ги замолуваме сите парламентарни групи во Собранието сериозно да ја сфатат својата работа и во најбрз можен рок да го донесат законот“, изјави денеска претседателот на Здружението, Костадин Дуковски.

Инаку, законот е во собраниска процедура и предвидува, меѓу другото, регулација на извозот на цвет од канабис. Во моментов, согласно постојната регулатива, произведувачите на канабис не можат да го извезуваат цветот надвор од земјава, а домашниот пазар, пак, е сериозно ограничен. Поради ова, фирмите што добиле лиценца не можат да остваруваат профит.

Според проценки на Здружението, компаниите што имаат лиценца за производство имаат резерви кои надминуваат 50 милиони евра. Доколку дејноста наскоро не се дорегулира со новиот закон, се плашат дека нивните загуби ќе бидат стоотстотни.

Од „Макканабис“ се сомневаат во, како што велат, задкулисни игри, кои го кочат донесувањето на законот и велат дека има несериозен однос на институциите во Македонија кон оваа дејност.

 

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе