Денеска попладне

Македонското знаме свечено ќе биде подигнато во Брисел и Норфолк за добредојде во НАТО

Македонското знаме денеска попладне ќе биде подигнато во седиштето на НАТО во Брисел и со оваа церемонија ќе се означи пристапувањето на земјава во Алијансата.

Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи истовремено во седиштето на Здружената команда за операции (Шејп –Монс) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

Свеченото подигнување на знамето предвидено е да се одржи во 15 часот, на кое е предвидено кусо обраќање  на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претставник на Делегацијата на Македонија во НАТО, но без присуство на медиуми.

Настанот во седиштето на НАТО ќе биде емитуван во живо на веб страницата на НАТО.  

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе