Македонското знаме се развеа пред седиштето на НАТО во Брисел

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО пред малку беше подигнато македонското знаме откако земјата стана и официјално 30-та земја членка на Алијансата.

На церемонијата која заради коронавирусот помина без медиуми, се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„30 знамиња ќе се веат пред НАТО. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа после години на посветеност и заложба за реформите. Приклучувањето на Алијансата е важно за Северна Македонија, за стабилноста на западниот Балкан и за меѓународниот мир и  безбедност. Во времиња како ова пријателите и сојузниците се најважни, а Северна Македонија ги има најдобрите пријатели и сојузници. Посилни сме заедно. Добредојдовте во НАТО!“, рече Столтенберг.

Кревањето на знамето го следеше и македонската Влада по што кусо обраќање имаше премиерот Оливер Спасовски.

„Знамето на Република Северна Македонија се развиори пред седиштето на НАТО. Во последните три години донесовме големи одлуки со кои станавме подобра држава и подобро општество. Еве ја и наградата. Држава која ќе остане искрен и добар сосед, сојузник на кој секогаш ќе можат да сметаат. Наша должност е да им оддадеме признание на сите кои ни помогнаа. Ова посебно се однесува на претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, на нашите пријатели САД. Од денеска ние сме НАТО“, рече Спасовски.

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе