Македонското движење „Крсте Мисирков“ во Грција аплицираше за членство во ФУЕН

Делегација на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) деновиве престојуваше во Грција, во посета на Мкедонското движење за унапредување на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“. Македонското движење неодамна аплицираше за членство во оваа неприфитна организација.

Потпретседателот на ФУЕН Госта Тофт оваа посета ја оцени како необичен работен ден. На Фејсбук страницата на оваа организација беше напишано дека делегацијата на ФУЕН беше во посета на здружението на македонското малцинство во Грција.

„Ова е наша стандардна практика со цел да ги провериме локалните структури и нашите критериуми за прием. Воодушевени сме од гостопримството. Благодарам“, пишува на Фејсбук страницата на ФУЕН.

Нашите гости беа импресионирани од посебната убавина на нашето место, но и од вкусовите на нашата кулинарска традиција. Се надеваме дека наскоро нашата организација ќе биде членка на големото „семејство“ на ФУЕН“, напишаа на својата Фејсбук страница Македонското движење за унапредување на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“.

Во ФУЕН членуваат повеќе од 100 организации на автохтоните национални малцинства од 35 европски земји.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе