Македонското друштво „Илинден“-Тирана со осуда: Бугарските барања се наци-фашистички

Провокација во континуитет е вчерашната одлука на бугарскиот Парламент за преименување на 24 Мај од „Ден на словенската писменост“ во „Ден на бугарската писменост“ со барање до Европската Унија “кирилицата да биде призната како бугарска азбука“, реагира Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Ваквата одлука, според Друштвото, е провокација, не само кон Македонија, туку и кон останатите држави со население со словенски корени. Од Друштвото потсетуваат дека во науката е прифатено дека основата на старословенскиот јазик се македонските говори од околината на Солун, а првото словенско писмо напишано од светите солунски браќа, Македонците, Кирил и Методиј е глаголицата.

„Старословенскиот јазик е старомакедонскиот јазик“, додаваат оттаму.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, како што стои во соопштението, со индигнација отфрла заедничка прослава на значајни датуми, настани и личности кои Софија ги смета за Бугари и бугарски, а за тоа дури бара патент од Европската Унија.

Од Друштвото потсетуваат на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин на 24 мај 2017 година при посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Москва: “Денес во Русија се празнува Денот на словенската писменост, а писменоста во Русија дојде од македонската земја“.

„Македонците по род во Албанија, во светот и татковината, ја отфрлаат новата ‘политичка историја‘ за македонскиот народ и за Македонија, со која Бугарија и Грција вршат обиди Македонија од држава да се редефинира во територија без народ и историја чии администратори би биле Атина и Софија.

Македонско друштво ‘Илинден‘-Тирана со индигнација ги отфрла бугарскиот и грчкиот геноцид врз македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името на македонскиот народ, јазик култура и историја. Ваквите барања се даваат од членки на едно т.н. европско демократско семејство, а всушност се уцени прикажувани како вредност за ‘добрососедство и солидарност‘ во Брисел и Стразбур со страна на Атина и Софија. Македонското друштво ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките истапувања за непостоење на македонскиот народ во целина, како и бугаризирање на македонската историја“, пишува во соопштението од Македонското друштво „Илинден”-Тирана.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе