Македонското друштво „Илинден“ бара отворање на Македонски културен центар во Тирана

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана ги повикува Владата и Собранието на Албанија, итно да го ратификуваат потпишаниот договор за отворање на Македонскиот културен центар во Тирана.

Друштвото „Илинден“ соопштува дека поминале осум месеци од потпишувањето на договорот меѓу двете држави.

„Сметаме дека со отворањето на Македонскиот културен центар во Тирана дополнително ќе се зголеми соработката меѓу двете држави, ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат взаемната соработка и да го презентираат своето творештво“, се вели во соопштението на македонското друштво „Илинден” -Тирана.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе