Македонско-грчката комисија онлајн дебатираше за програмите и учебниците во двете земји

Министерството за надворешни работи информира дека во понеделникот на 19 октомври се одржал состанок на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања на Македонија и на Грција, основан согласно членот 8 став 5 од Договорот од Преспа. Следниот состанок на Комисијата се очекува да се одржи во ноември.

Во заедничкото соопштение од петтиот состанок на интердисциплинарниот комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања се наведува дека поради ковид-19 се одржал по електронски пат и бил во колегијална и конструктивна атмосфера.

„По меѓусебното запознавање, двете делегации врз основа на утврдените Заклучоци од претходните состаноци на Комитетот разменија информации за покренатите прашања од програмите, школските книги и соодветниот пропратен материјал на двете земји. Двете страни се согласија да продолжат со остварување на мандатот кој им е доверен согласно Преспанскиот договор во согласност со принципите и целите на УНЕСКО и на Советот на Европа. Двете делегации се согласија дека што поскоро треба да се одржи нивниот следен состанок, по можност и во ноември 2020 година“, се наведува во заедничкото соопштение од Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања на Република Северна Македонија и на Република Грција.  

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе