Министерство за одбрана

Македонските војници во мисијата на ОН во Либан се безбедни

Министерството за одбрана изрази длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан и информира дека македонските војници кои се во мисијата на ОН таму се безбедни.

„Ве информираме дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни  и сигурни. На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.

По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат“, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

 

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе