НА СРЕДБАТА СО НУЛАНД

Македонските политичари за политичката криза, албанските за кризата и името

По средбите со Викторија Нуланд, од информациите од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ произлезе дека Груевски и Заев биле најмногу заинтересирани за изборите во април догодина и за преодната влада. За разлика од нив, Ахмети и Тачи не заборавија да го отворат и прашањето за името. Индикативно е тоа како и кога меѓународната заедница се обидува да го вметне и решавањето на проблемот со името.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети смета дека веднаш откако ќе се реши политичката криза треба да се реши и спорот за името. За него е неприфатливо продолжувањето на политичката криза бидејќи целото општество очекува кризата да се реши и земјата да продолжи по евроатлантскиот пат.

За Мендух Тачи, лидерот на ДПА, спорот меѓу македонските партии е виртуелен и дека за него вистинските прашања се за името и за меѓуетничките односи. Тој и кажа на Нуланд дека без да се решат името и меѓуетничките односи, овој процес нема смисла. Тачи и претходно изјавуваше дека за време на овие преговори и лидерски средби се разговарало и за името, што веднаш беше демантирано од ВМРО-ДПМНЕ.

Крајно време е прво да се најде решение за кризата, а потоа и за името, порача американската дипломатка Нуланд по средбите со македонскиот државен врв и опозицијата во Скопје.

Нуланд вчера порача дека се потребни итни решенија за да се нормализира земјата и дека политичката криза ќе се реши ако власта и опозицијата заеднички гарантираат  организирање фер и демократски избори. За Заев можен е договор само ако има согласност околу тоа како ќе работи владата која ќе ги организира изборите во април догодина.

Денеска она што го почна Нуланд, би требало да го заврши еврокомесарот Јоханес Хан. За него денешните преговори се „клучен момент за Македонија“.

А.Д.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе