Македонските мировници по 19 години го завршија учеството во мисијата во Авганистан

Со завршувањето на последната ротација на припадници на Армијата во Авганистан и враќањето на мировниците заврши и речиси дведецениското учество на македонската Армија во мисиите на НАТО – „ИСАФ” и „Одлучна поддршка” во Авганистан. 

Како што соопшти Министерството за одбрана, во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи. Македонските војници, подофицери и офицери работеа како штабни офицери, припадници на единици на обезбедување на главната команда, инструктори во тимови за менторирање, а беа дел и од медицински и хируршки тимови. Во ИСАФ, свој придонес дадоа и специјалните единици, кои работеа заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт, во здружени тимови.

Македонија во ИСАФ соработуваше со поголем број на партнери, а денеска сојузници во НАТО, вклучувајќи ги САД, Германија, Турција, Обединетото Кралство, Норвешка, Грција, Чешка, Франција, а македонски офицери беа и дел од земјите на Јадранската повелба А3 со Албанија и Хрватска, односно подоцна и земјите од групата А5.

Од 2015 година, припадниците на Армијата беа дел мисијата- наследник, „Одлучна поддршка”. Се работи за 500 припадници, распоредени во Командата за обука, советување и асистенција – главен град Кабул, под команда на Турција, потоа во Командата на мисијата предводена од САД, со задача обезбедување на командата, во тим за советување во командата – Север предводени од СР Германија, во рамките на заедничкиот придонес на групата А5 во Центарот за здружени операции на КОСА – Север и во хирирушки тим во норвешката Role-2 болница, во соработка со Кралството Норвешка.

Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, во согласност со одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка”.

 

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе