Трета средба годинава

Македонските и бугарските историчари оддржуваат состанок

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска го продолжи вчера започнатиот состанок, трет од предвидените пет за оваа година, а 14-ти од почетокот на разговорите. На последниот, 13. состанок на Мешовитата комисија, одржан на 23 и 24 април во он-лајн формат, не беше постигнат некаков резултат, а се разговарало за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна.

Како што тогаш изјави Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во Заедничката македонско-бугарска комисија, двете страни останале на истите позиции и главна причина што нема резултат, е различната перспектива на средновековието, како и големите разлики во пристапот на надминување на ваквиот вид спорови.

По завршувањето на дводневниот состанок се очекува да биде објавено соопштение за резултатот од оваа средба на мешовитата експертска комисија.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе