Софија

Македонските и бугарските експерти за Делчев ќе разговараат утре, а денеска имаше разлики за средновековната историја

Во конструктивна дебата помина првиот ден од седмиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија којшто се одржува во Софија. Членовите на Комисијата работеле по претходно разменетите предлог идеи за усогласување на препораки за учебниците за седмо одделение во Македонија и шести клас во Бугарија.

„Постојат сериозни разлики во однос на пристапот и разбирањето на средновековната историја и во однос на терминологијата  и користењето на одредени термини во учебниците кои се однесуваат на средновековниот период“, потврдија за МИА извори од Комисијата.

И покрај разликите членовите на Комисијата усогласиле некои забелешки во однос на општите проблеми кои постојат во учебниците во двете држави и имале можност, како што велат оттаму, да си укажат едни на други што е тоа што им пречи од тие учебници.

Ова, како што велат од Комисијата, е многу важно за да им се овозможи на двете страни да развијат чувство за начинот на кој другиот гледа и го вреднува минатото.

Кај македонската страна постои уверување дека на следните средби разликите ќе се надминуваат со цел да се дојде до препораки во насока на градење на добрососедските односи и во насока како различното толкување на минатото да не биде пречка меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Членовите на Комисијата се согласни дека е потребна и дискусија како да се промени пристапот и начинот на нејзиното работење со цел состаноците коишто ги одржува да дадат уште подобри резултати во духот на Договорот за добросоодество.

Како што беше и претходно најавено дека на седмиот состанок освен за средновековниот период ќе се распарава и за ликот и делото на Гоце Делчов, втората тема односно заедничкото чествување на Делчев ќе биде разгледана утре.

Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Скопје во јуни. Ова е четврта средба на Комисијата оваа година, а до крајот на годината се предвидени уште две средби.

Од досегашните шест средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Препораките до двете влади за периодот на антиката за учебниците од петто одделение во бугарскиот образовен систем и за шесто во македонскиот образовен систем беа усвоени на последниот состанок, што се одржа на почетокот на јуни во Скопје.

Гоце Делчев беше тешкото прашање на последната средба во јуни, а тогаш претседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев и бугарскиот претседавач Ангел Димитров напоменаа дека за одредени работи експертите од двете земји постигнале согласност во однос на личноста и делото на Делчев, но за одредени, нивните мислења се спротивставувале.

Целта на состаноците, како што велат од Комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото. Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно со член 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе