АНКЕТА НА МКД.МК И БРИМА

Македонските граѓани се за членство во НАТО, но не како ПЈРМ или со промена на името

Македонските граѓани и натаму се за членство на Македонија во НАТО (61,5 отсто), но кога прашањето ќе го поставите со условот прием под референцата БЈРМ или прием со промена на името, тогаш поддршката за такво членство значително опаѓа. Она што е интересно во ова анкета на МКД.мк спроведена во соработка со агенцијата Брима, е дека идејата за неутралност на Македонија, подеднакво е прифатлива и за Македонците и за Албанците.

На прашањето „дали поддржувате или не поддржувате Македонија да стане членка на НАТО“, 61,5 % од анкетираните одговориле потврдно, а 26,1 отсто се против. Кога ќе се погледне етничката припадност на анкетираните, потврдно на ова прашање одговориле 55,2 отсто Македонци, а 77,4 отсто Албанци. Против се 32,3 отсто од Македонците и 13,2% од анкетираните Албанци.

Кога прашањето ќе го поставите за прием во НАТО под референцата ПЈРМ, поддршката опаѓа - 34,9 отсто од анкетираните се за, а против се 41,9%. Против секакво зачленување во НАТО се 10,8 отсто. И тука голема е разликата кога ја гледате етничката припадност на анкетираните граѓани - Албанците немаат никаков проблем со тоа (73,5 %), а кај Македонците тој процент е 18,6 отсто.

Уште поголеми се разликите кога зборуваме за членство во НАТО ако услов е промена на името на државата. За таква интеграција се 27,4 отсто од испитаниците, против се 51,3%, а против какво било членство во Северноатлантската алијанса се 10,8 %. Разликата во процентите е уште поголема според етничката припадност - 68,9 отсто од Македонците се против, а 76.3 отсто од Албанците се за.

 

Генерално, за политиката на евроинтегративните приоритети на македонските политичари се 50,9 отсто од испитаниците, а против 30,1%. Кај албанските граѓани на Македонија таа поддршка е 65,6%, а кај македонските 36,4%.

Кога зборуваме за разговорите за името и дали тие стануваат веќе бесмислени, со оваа оценка се согласуваат 49,7, за продолжување на разговорите сѐ до наоѓање решение се 36,9 отсто од испитаниците. Во однос на оценката на бесмисленоста на овие разговори, оценките се приближуваат кога станува збор за етничката припадност на анкетираните граѓани - 55,7% Македонци и 40,4% Албанци. За продолжување на разговорите се 31,1% Македонци и 46,7% Албанци.

Разликата во одговорите според етничката припадност е изразена и во одговорите на прашањето „дали би поддржале или не би го поддржале предлогот Република Македонија да ја прифати политиката на неутралност“. Потврдно одговориле 42,5 %, а против 25,9%. Од Македонците потврдно одговориле 35,4%, а од Албанците 62,1% (против оваа идеја се 40,9% од Македонците и 16,1 од Албанците, а висок е процентот на одговор „не знам“ - кај Македонците 30% и кај Албанците 20,7%).

Ова истражување на 1.210 анкетирани граѓани Брима го спроведе од 25 ноември до 2 декември. Од анкетираните со средно образование беа 24,4%, со средно 53,9% и повисоко 21,7%. Од 1.210 анкетирани 63,4 отсто беа Македонци, 25,9 Албанци и 10,7 % други. Во руралниот дел од Македонија живеат 42,3 отсто од испитаниците, а во урбаниот 57,7 %. Истражувањето е спроведено со теренска анкета лицe в лице во домот на испитаникот.

Резултатите од ова истражување се добиени во рамките на редовниот Омнибус на Брима.

Примерокот на истражувањето е национално репрезентативен (според полот, возраста, националната припадност и местото на живеење во сите 8 региони во Македонија) за популацијата на возраст од над 15 години. Можноста за грешка изнесува +/- 2.82% со ниво на доверба од 95%.

Во мај 2016 година во слична ваква анкета против членството на Македонија во НАТО под референцата ПЈРМ, 54,8 отсто од граѓаните беа против тоа.

Објавено

Понеделник, Јануари 16, 2017 - 12:14

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе