Македонските Бугари до власта во Софија: Нашите деца на училиште ги учат дека нивните роднини се фашисти, татари и монголи

По Декларацијата на македонските организации во Бугарија во која ја осудуваат „континуираната политика на негирање, дискриминација и асимилација водена официјално против Македонците во Бугарија“, денеска организациите на Бугарите во Македонија упатиле апел до бугарските политички лидери со барање за „заштита на нивните права“. На апелот потпишани се Љупчо Георгиевски, Елизабета Најдоска Величкова, Добре Митрев, Владимир Перев, Владо Треневски, Столе Велков и Петар Колев.

„Моментот е историски. Денес се исцртува иднината на нашите деца коишто сакаат да бидат слободни и достоинствени граѓани на нашата држава и на ЕУ. Бугарија треба да биде цврста и упорна во поддршката на нашата кауза“, пишува во апелот на организациите на македонските Бугари што го објави БГНЕС.

Потписниците на апелот се задоволни од настапот на Бугарија на самитот во Словенија, бидејќи, како што велат, излегла високо исправена и на останатиот дел од Европа му кажала каде е клучот за натамошното проширување.

„Клучот е во рамноправноста на сите народи од регионот и на оние делови од нив, кои по силата на сложената балканска историја денес живеат во соседни држави, меѓу други народи. Ние, македонските Бугари сме дел од таков народ, со десетлетија оттргнати од својата татковина. Претрпевме многу маки, страдања и понижувања, но опстанавме и покрај насилната асимилација“, пишува во апелот.

Потписниците на бугарските политичари им порачуваат дека сакаат „тие и нивните деца да го знаат нивниот, бугарскиот јазик, да пеат нивни песни и да се чувствуваат рамноправни и горди заедно со сограѓаните, без оглед на нивниот идентитет“.

Откако обвинуваат дека „јазикот на омраза кон се што е бугарско, доминира во Македонија“, тврдат дека „секојдневен проблем им е да ги испраќаат децата на училиште, за да ги учат дека нивните роднини се фашисти, татари, монголи и што уште не“.

„Затоа, за нас јасната принципиелна позиција на Бугарија дека Северна Македонија може да започне преговори само откако ќе се решат проблемите со нашата рамноправност, јазик, традиции, историја, споменици и се друго што е поврзано со нашиот идентитет е не само важна, туку е надеж за спас и единствен пат кон помирување“, велат потписниците на апелот.

Тие бараат од Бугарија да опстои цврсто на својата „аргументирана и јасна позиција“, а, како што велат, важна е поддршката за нивното барање да бидат внесени во македонскиот Устав, и за нивното правилно пребројување зашто „биле многу повеќе од 120 илјади кои што имале чест да бидат и граѓани на Бугарија“.   

„Важно е оваа позиција да биде сфатена од сите членки на ЕУ, вклучувајќи ги оние на кои шаблоните на политиката на проширувањето им пречат да го видат очигледното. Ние, македонските Бугари, нашите права, идентитет и историја не можат да бидат предмет на преговори меѓу Софија и Скопје. Наше право и обврска пред нашите деца е да имаме своја улога кога се решава нашата иднина“, додаваат потписниците.

Во апелот се додава дека македонските Бугари се претставени од КЦ „Иван Михајлов“ – Битола, од Здружението „Македонско-бугарско пријателство“ – Скопје, Здужението „Трибуна“ – Прилеп, Здружението „Коридор 8“ – Скопје, Здружението „Интеракција“ – Охрид, Здружението „Единство“ – Кочани и други невладини организации, како и од политичката партија Граѓанско-демократски сојуз (ГДС).

Премиерот Зоран Заев вчера одговарајќи на новинарско прашање во врска со Декларацијата на македонските организации рече дека сите правата треба да ги бараат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, напоменувајќи дека не е европски, ниту добрососедски и пријателски, ние да се инволвираме во тоа што се случува во Бугарија, ниту пак сакаме некој да се инволвира кај нас.

„Ја осудуваме политиката водена од Република Бугарија против Република Македонија, поставувањето на иритирачки услови пред нејзиното членство во ЕУ, а имено да се откаже од идентитетот на македонската нација, јазикот, историјата и да се одрече од македонското малцинство во Бугарија“, стои во Декларацијата на македонските здруженија во Бугарија.

Тие од Бугарија бараат да не го негира македонското малцинство, да го признае и да му ги даде сите права. Бараат Бугарија да го промени Уставот, така што во него јасно да бидат гарантирани правата на националните и етнички малцинства и да стане невозможно „единството на нацијата" да биде користено против правата на малцинствата. Понатаму, бараат Бугарија да запре да ја уценува земјава и да ја деблокира нејзината евроинтеграција.

„Ние треба да го правиме она што го прават сите други земји, секогаш кога се јавуваат граѓани во други земји, а тоа е апелирање за почитување на меѓународните договори за сите и секогаш правата да ги бараат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Не е европски, ниту е добрососедски, ниту е пријателски ние да се инволвираме во тоа што се случува во Бугарија, ниту пак сакаме некој да се инволвира кај нас“, одговори вчера Заев.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе