Софија

Македонскиот в.д. амбасадор повикан во бугарското МНР поради „говор на омраза“ против Бугарите во земјава

Заменик шефот на македонската амбасада во Софија, Владимир Крстевски бил повикан на разговор во бугарското Министерство за надворешни поради, како што објавија оттаму, „честите манифестации на говор на омраза и дискриминација во РС Македонија“.

На состанокот во бугарското МНР присуствувала и в.д. директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа Ива Крулева, а на Крстевски му бил пренесен ставот дека Софија очекува Скопје да го брани правото на секој граѓанин на слободно самоопределување.

„Бугарските дипломати изразија длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Република Северна Македонија против претставникот на Скопје на Евровизија 2021 година, Васил Гарванлиев. Тој веќе предизвика контроверзии откако во официјалното видео се појавија боите на бугарското знаме. Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет, каде било во светот“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението уште се додава дека „освен денешната средба, бугарската страна за споменатите случаи информираше претставници на меѓународни и регионални организации, амбасади на земји-членки на ЕУ и други партнери.

 

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе