Македонскиот тим од комисијата со Бугарија ќе информира за заедничките чествувања и за учебниците

Македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовани прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија.

Според потпишаниот Протокол (на 17 јули) државите Македонија и Бугарија на своите интеренет страници треба да ги објават веќе договорените препораки од работата на Комисијата. Во Протоколот, во делот „Темата за историјата" пишува дека „двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања треба да ги објават во рок од еден месец".

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе