Македонскиот и бугарскиот се два слични, но различни и меѓународно признаени јазици, појасни Заев

Во Бугарија доставиме патоказ или патна карта како што викаат Бугарите, во кој се преземени обврски со конкретни датуми и од конкретни институции за сите области, информираше премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

„Во Софија беше кажано дека македонскиот и бугарскиот се два слични но различни и меѓународно признаени јазици, за да ја разјасниме дилемата што се појави по шпекулациите во медиумите. Никогаш не го отворивме прашањето за идентитето и јазикот. Тоа не е на маса и нема да дозволиме никогаш да биде на маса. За идентитетот и за јазикот не се преговара никогаш“, изјави Заев.

Според него, да, имаме во еден дел заедничка историја и има луѓе кои веруваат дека сме припадници на ист народ, но има и други кои веруваат дека сме посебни народи, а тоа само нѐ „повикува да си помагаме едни на други“.

Заев уште кажа дека во Софија бил утврден интензитетот на работата на заедничката историска комисија, а нашата делегација потврдила дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија, дека нема територијални претензии кон кој било сосед и дека Република Северна Македонија се однесува исклучиво на територијата на нашата држава. Според него, Владата е спремна да испрати ноти за ова секаде во ЕУ и онаму каде што треба.  

„И двете страни потврдивме дека не се мешаме ни во внатрешните работи ни во малцинските права во двете држави, бидејќи тие се решени преку Судот за човекови права во Стразбур. Ја потврдивме Декларацијата од нашето Собрание од 2006 година за осуда за жртвите од ‘45 до ‘90 година и декларација во која ги јакнеме нашите пријателски врски и конекции“, додаде Заев.  

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе