Македонскиот дипломатски синдикат реагира дека врвот на МНР нема почит за починатите колеги

Половина месец откако почина, Министерството за надворешни работи денеска ќе одржи комеморација за поранешната шефица на македонската дипломатија Илинка Митрева. Македонскиот дипломатски синдикат вчера упати мејл до сите вработени, како и до министерот Бујар Османи, со кој реагира дека раководството на МНР нема почит кон починатите колеги и потсетува дека министерството сѐ уште не се простило од дипломатот Драган Тодоровски, кој пред година и пол на 59 годишна возраст почина од ковид-19. Синдикатот и тогаш реагираше дека не се почитуваат здравствените протоколи во МНР и дека тогаш не беше обезбедена приоритетна вакцинација потребна заради природата на работата, честите патувања во странство и контактите со странци.

Во продолжение ја објавуваме целата содржина на мејлот до кој дојде МКД.мк:

„Колешки и колеги,

Во животот постојат мигови кога се простуваме од своите најблиски и најмили, но и од своите колеги, другари и пријатели. Тоа не прави луѓе и велат дека сеќавањата на заминатите го продолжуваат нивниот век.

Помина речиси една и пол година, а нашето Министерство се уште не се прости од нашиот драг колега Драган Тодоровски, кој остави сериозна трага зад себе како дипломат, како уметник кој најдобро се снаоѓа со светлината и боите но и како драг колега, секогаш насмеан и подготвен да помогне, со исклучително висока ерудиција. Немаше колега што не го почитуваше.

На нас, неговите колеги и со-членови во МДС не ни е јасно зошто во МНР не се одржа комеморација во негов спомен? Зарем сме дошле до таму да сите немаме иста вредност? Зарем сме дошле до таму да не сметаат за бројки? Зарем целосно се изгуби човештината и хуманоста? Што се случува со МНР?

Драган не заслужил таков третман, но и ние не заслуживме да не добиеме можност да се потсетиме на драгиот колега.

Би било добро раководството да ни објасни зошто има двојни аршини кога се во прашање вреднувањата на колегите и која е вистинската причина зошто за Драган не беше одржана комеморација“?

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе