Осло

Македонскиот амбасадор во Норвешка: Македонија ќе гласа за членство на Косово во НАТО

Политиката на отворени врати за НАТО е активна. Ние го имаме Косово како сосед, го познаваме, имаме добри односи и ќе ги поддржиме ако продолжат да го следат овој пат. Но, постојат некои пречки што треба да се совладаат со текот на времето, изјави Серџим Мухамед, македонски амбасадор во Норвешка на онлајн дискусијата за членството на Македонија во Северноатлантската алијанса, организирана од Амбасадата на САД во Осло, пренесе Косовоонлајн.

Трејси Њуел од Мисијата на НАТО на онлајн дебатата нагласи дека во моментов не постои консензус во Алијансата за пристапување на Косово, бидејќи тоа, според неа, е чувствително прашање за некои од сојузниците.

„Тоа е комплицирано прашање, но ми се допаѓа. Да бидам искрена, моментно во Алијансата не постои колективна согласност за статусот на Косово. Тоа и понатаму е чувствително прашање за некои сојузници, кои во рамките на своите земји имаат сепаратистички региони, како Шпанија. Значи, за тоа нема консензус. САД имаат јасна позиција, но не можам повеќе да кажам“, изјави Њуел.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе