Прослави и меѓу Македонците кај источниот сосед

Македонски здруженија во Бугарија го слават Македонското востание

Со народни собири Македонците од Пиринска Македонија денеска го одбележуваат и Македонското востание, како што тие го именуваат Кресненското востание.

Македонцското непризнато малцинство во Бугарија денеска одбележува и 142 годишнина од Кресненското востание, односно како што тие го именуваат Македонското востание. Со едноминутен молк во чест на востаниците, венци цвеќе на спомениците, со панихида и народни собири одбележан е овој празник на Македонците во Бугарија.

„Претставници на ОМО "Илинден"-ПИРИН, ОМО "Илинден", Дружество на репресираните Македонци во Бугарија за време на комунистичкиот режим, Македонски дискусионен клуб, Правозаштитен комитет Толерантност, Дружество за заштита на индивидуални човекови права, Клуб антички Македонци, Друштво Сонце и Народна волја, одбележаа 142 години од Кресненското востание, чие што официјално име било "Македонско востание", со панихида и поставивање цвеќиња и венци, говори и минутен молк пред спомениците во Кресна, Стара Кресна, Оштава", напиша на својот фејсбик профил Стојко Стојков од ОМО Илинден.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе