Спасовски во Бугарија

Македонски и бугарски специјалци на заедничка вежба во Софија

Полициски единици при Одделите за специјални полициски операции при Министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија денеска ќе одржат заедничка вежба во Софија.

На вежбата ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски. Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков веќе го пречека Спасовски и му посака добредојде на влезот во Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Рашков рече дека посетата на Спасовски на Бугарија е навремена, со оглед на претстојното започнување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија.

Двајцата министри и делегацииите ќе имаат билатерална средба, по што ќе присуствуваат на заедничка вежба на спедијалните полициски единици на двете земји.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе