Во отворено писмо

Македонски граѓани во Германија со иницијатива: Македонски пасош да вадат и во амбасада

Граѓани на Македонија со престој во Германија преку отворено писмо до Министерството за надворешни работи, како и до Македонската амбасада и конзулатите во Германија апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Германија.

Тие се жалат дека додека потребата за точни и брзи информации се зголемува, начинот на работење на дипломатско-конзуларни претставништва останува ист, а услугите кои ги добиваме од нив се „недостојни и недоволни“ за нив, бидејќи не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга.

Два главни проблеми, како што пишува во писмото, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации.

Да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада е скоро невозможно, односно е поврзано со долга и нејасна постапка. Затоа најчесто сме приморани да ја почнеме таа постапка во Македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување“, пишува во писмото од иницијативниот одбор.
Овие патувања, како што додаваат, се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни, бидејќи во Германија имале работни обврски. Исто така, се жалат дека достапноста на информации е на поразително ниво, веб-страните не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници.
Македонските граѓани со престој во Германија предлагаат неколку мерки и подобрување на услугите.
1. Подобрување на информираноста на граѓаните.

-Бараме формирање на дежурен центар, кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва.

-Дежурниот центар може да е со седиште и во Македонија или во Германија, но да е достапен и на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број.

-Дежурниот центар да е достапен на македонски, како и на јазиците на
националностите кои живеат во Македонија.
2. Можност за поднесување на документи и добивање на патна исправа во ДКП

-Опремување на ДКП исто како и секоја служба за патни исправи во Македонија

-Електронски систем за закажување на термин за поднесување на документи за нова патна исправа или лична карта

-Електронско поднесување на барањето за обнова на документите

-Можност за фотографирање, исто како и во службите во С.Македонија

-Опремување на сите ДКП како би биле достапни за повеќето граѓани кои живеат на територијата на цела Германија

-Така обработените барања да се праќаат веднаш до центарот за печатење во Македонија

-Изготвените пасоши да се доставуваат во најбрзо време со дипломатска пошта, а Министерството да склучи и договор со авиокомпаниите кои би ја доставувале поштата.

-Готовите патни исправи да се доставуваат на граѓаните во Германија лично или преку курирска служба со препорачана пошта до лицата кои со потпис и документ за идентификација ќе си ги добиваат на домашна адреса, како не би морале да патуваат два пати во ДКП.

-За таа цел Амбасадата во Германија да склучи договор со една од курирските служби кои ќе го извршуваат доставувањето

-Времетраењето од поднесување на апликацијата до добивање на пасошот да не трае повќке од двојно на една пасошка служба во Македонија
3. Формирање на заеднички совет (Министерство за надворешни работи, ДКП,Иницијатива на граѓани) кој ќе ја следи и ќе дава препораки за подобрување на услугата на ДКП во Германија.

-Формирање на заеднички совет кој ќе се состанува најмалку еднаш во шест месеци и ќе изготвува записник кој ќе се доставува до владата и Министерството за надворешни работи

-Советот ќе има за цел да дава предлози за подобрување на услугата на ДКП кои ќе се доставуваат и имплементираат заедно со Министерството за надворешни работи и ДКП во Германија.

Барањата, како што велат, се потпираат на начинот на работење на многу амбасади во Германија, така што не се работи за нереални барања.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе