Писмо до Пендаровски, Заев и Димитров

Македонската партија во Србија најавува дека ќе ја блокира амбасадата ако амбасадор стане Васко Грков

Во писмо до претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и до шефот на дипломатијата Никола Димитров Демократската партија на Македонците во Србија бараат македонските власти да ја преиспитаат одлуката за именувањето на Васко Грков за амбасадор во Белград. Ако тоа се случи, ние ќе ја блокираме работата на македонската амбасада во Србија, велат тие во писмото.

Грков и Величковски

Раководството на оваа партија во пишува дека во периодот кога Васко Грков веќе бил в.д амбасадор во Србија (2018 година) тие имале многу непријатно искуство од комуникацијата со него.

„Пред изборите за Националниот совет на македонската заедница во Србија, Васко Грков се претстави како недостоен претставник на македонската амбасада во Србија, како човек кој никогаш не може да биде гордост на нашата заедница. Тој се претстави како претставник кој е склон кон корупција и човек кој ги продаде интересите на македонското национално малцинство кога во кампањата за претседател на Националниот совет застана на страната на Борче Величковски. Ако Грков пак стане претставник на Македонија во Србија, тоа ќе  претставува голема срамота за нашата матица и за македонската заедница. Ние повеќе не сакаме да имаме каков било контакт со него“, се вели во писмото.

ДПМ вели дека за време на изборите, Грков како македонски дипломат отворено застанал на една страна и за време на изборната кампања отворено го поддржувал Величковски што е недозволиво според сите закони во Србија. Грков, велат од Демократската партија на Македонците, како претставник на амбасадата му давал отворена поддршка на Величковски, како еден од кандидатите за претседател на Националниот совет, за што немал никакви овластувања од Скопје. Ниту еден дипломат не може да се меша во изборни процеси во земјата каде што службува.

„Како претставници на македонската заедница во Србија уште еднаш ве молиме да размислите за оваа одлука и по никоја цена да не праќате таков кадар во Србија. Ако такво нешто се случи, ќе организираме митинг пред амбасадата на Македонија во Белград и ќе ја блокираме улицата пред нашата амбасада. Преку такви луѓе, како Грков, не сакаме да имаме каков било контакт со нашата матица“, пишува ДПМ во писмото до македонското државно раководство.

Тие велат дека Грков за време на престојот во Србија доволно го искомпромитирал своето име како дипломат „со работи за кои ни е срам тука да пишуваме“.

Инаку Васко Грков беше генерален конзул во Минхен. Тој по потекло е од Кавадарци и близок со актуелниот и поранешниот градоначалник на овој град, Митко Јанчев и Панчо Минов. И Јанчев (поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ) и Минов (пратеник од ГРОМ) во последниот период имаат добри односи и соработка со Владата на премиерот Заев.

А.Д.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе