По Преспанскиот договор

Македонската дијаспора се подготвува за бојкот на празнувањата на 8 Септември

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн. Причината за ова е срамниот Преспански договор и илегалната промена на името, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија.

Тие велат дека традиционално за 8 Септември Македонците присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн. Оваа година тие оваа церемонија ќе ја бојкотираат, ако не им биде дозволено да го кренат знамето со сонцето од Кутлеш. За тоа да биде спроведено, австралиските власти бараат дозвола од македонските дипломатски претставништва во таа земја. Ако Македонскиот совет тоа сака да го спроведе, тоа значи дека ќе мора да напише писмо до Конзулатот на Република Северна Македонија, со што индиректно ќе го признаат новото име. „Тоа ние никогаш нема да го сториме. За нас ова е навредливо и понижувачки“, велат Македонците од Мелбурн.

Тие потсетуваат дека откако е сменето името, претставниците на македонскиот конзулат во Мелебурн не побарале средба со Македонскиот совет. „Ние сме Македонци, нашиот идентитет е македонски и нашата татковина е Македонија“, пишува во соопштението.

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Канбера и Париз.

 

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе