Реакции од странските медиуми

„Македонска фабрика за пасоши за светски мафијаши“

Интерпол за повеќе странски медиуми го потврди идентитетот на лицата од „македонската фабрика за пасоши за светските мафијаши“ потврдувајќи дека повеќето се бегалци и се бараат со меѓународна потерница, но македонските пасоши и украдените идентитети им овозможиле непречено да патуваат.

Трговците со дрога пристигнуваа во Скопје, главниот град на Македонија, за да бидат фотографирани во полициската станица, без страв, покажувајќи лажна лична документација со име на жртвата, лицето чиј идентитет се краде, пишуваат медиумите. По неколку часа, тие подготвени да патуваат со своите нови лажни пасоши заминуваа од Македонија. Еден од нив е и Валид Иса Хамаис.

Шпанските и португалските медиуми најголем интерес покажаа токму за ова лице. Валид Иса Хамаис е еден од главните соработници на италијанската мафија, важи за главен перач на пари од трговијата со кокаин. Неговиот нов идентитет е на Македонецот Вурмо Таќо, од албанскиот град Корча.

Валид Иса Хамаис на 9 јануари 2019 година дошол во Скопје, во регуларна постапка, се сликал во управните служби на МВР, а потоа си го земал македонскиот пасош со украден идентитет на Вурмо Таќо, роден 1965 година. Јорданецот Валид Иса Хамаис е познат во Италија и Латинска Америка. Тој е роден во Јордан во 1961 година и познат како како „Палестинецот“ затоа што бил член на популарниот палестински фронт. Хамаис „кариерата“ ја почнува во „Ндрангета“ во средината на 80-те години на минатиот век. Тој неколку пати беше суден за дела поврзани со трговија со дрога во јужна Италија. Во Милано се жени за локална проститутка, но сепак бил протеран од Италија, каде се вратил по извршена пластична операција на лицето.

Освен со дрога, тој имал „бизниси“ и со јордански дилери на оружје. Во 1992 година, по големата истрага на јавното обвинителство во Милано, наречена „Форталеза“, Хамаис беше уапсен во Бразил. Во Бразил Хамаис беше одговорен за пратките со кокаин за европскиот пазар.

По бегството од затвор во 90-те години, Хамаис како да пропадна во земја, а подоцна се дознава дека во Сао Паоло отворил градежна компанија. Сепак, тој остана главната спрега за шверцот на кокаин за западноевропскиот пазар. Преку српската мафија тој лесно доаѓа во контакт со потребните лица од Скопје каде што добива македонски пасош, по што лесно ги поминува границите низ Европа и се враќа во Бразил.

На списокот од 215 лица кои добиле вакви пасоши се и Флоријан Мусај, шверцер на дрога од албанските групи Буши и Барути, Стефан Џукиќ од Црна Гора, од кланот Ковачки, Луи Волина, турски мафијаш, Јован Вукотиќ, шеф на црногорски клан, Седат Пекер од Турција...

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе