Македонска делегација на Универзитетот во Корча разговараше за воведување на македонскиот јазик

Денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски" од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Македонија во Албанија, Данчо Марковски биле во посета на Универзитетот „Фас С. Ноли" во Корча со цел финализирање на подготовките за вклучување на македонскиот јазик во наставно-образовната програма во рамките на овој универзитет во Албанија.

„Грижата за идентитетските особености, со акцент на негување на јазикот и на културните вредности се врвни приоритети на Владата на Република Северна  Македонија", изјавила министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, како што пренесува министерството со кое таа раководи.

Во Корча делегацијата имала средба и со ректорот на Универзитетот, проф. Димитар Бело.

„На средбата беа разменети идеи за конкретна соработка меѓу Педагошкиот факултет од Битола и Универзитетот 'Фан С. Ноли' во Корча. Министерката Костадиновска-Стојчевска ја искористи посетата и за средба со градоначалникот на Корча, Сотирач Фило, со кого разговараше за планираните активности околу организирањето на Денови на македонската култура во Корча, кои би се реализирале во втората половина на октомври“, се вели во соопштението.

На фотографијата се гледа на средбите бил и претседателот на македонската партија во Албанија Македонска алијанса за европска иднина и поранешен пратеник во албанскиот парламент Никола Стерјовски.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе