Општина Витлси, Австралија

Mакедонката Емилија Стерјова, градоначалничка во Мелбурн добива смртни закани од грчката заедница

Присуството на прослава на матуранти и играњето оро со шеснаесетокракото сонце од Кутлеш беше доволно за некои екстремни грчки групации да упатат смртни закани до најмладата градоначалничка во Австралија (22 години), Македонка по потекло, Емилија Стерјова.

Граноначалничката на општина Витлси во Мелбурн, Емилија Лиса Стерјова учествуваше на прославата на 28-та генерација матуранти на училиштето по македонски јазик во Мелбурн. На прославата беше поставено и македонското знаме со шеснаесетокрако сонце, а градоначалничката Стерјова со знамето во раце заигра и оро.

Таа е веќе под полициска заштита, а утре ќе има и седница на советот на општината за овој инцидент.

Грчката заедница бара јавно извинување од Стерјова и неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Витлси, а од Лабористичката партија бараат таа да биде исфрлена од партијата.

Стерјова ги потврдува овие информации. Еве што таа одговори за заканите:

Неодамна присуствував на церемонијата на дипломирање на студенти што успешно го завршија изучувањето на македонскиот јазик.  Сите ученици во училиштата во градот Витлси учат јазик, при што секој ученик посебно го внесува своето јазично и културно потекло во своето учење, без разлика дали тоа е англискиот, целниот јазик, или разни комбинации на јазици. На мојот профил на Фејсбук беа објавени неколку фотографии од церемонијата на дипломирање, вклучително и една на која имаше знаме што го држев јас, кое го претставуваше јазикот што го изучуваа студентите.

Бев изненадена од негативната реакција на мојот пост, која се состоеше од смртни закани кон мене, закани дека ќе ме отстранат од функцијата градоначалник, закани дека ќе ме избркаат од политичката партија чиј член сум и закани дека ме следат, за кои е потребен ангажман на безбедносните служби и полицијата заради моја заштита кога ќе присуствувам на одредени идни настани.

Сакам да разјаснам дека објавувањето на фотографијата не беше со намера да навреди некого или да биде неучтива кон ниту еден член на заедницата Витлси. Како ваш градоначалник, јас ќе продолжам непристрасно да ги претставувам сите членови на заедницата и ќе настојувам да постигнам, во соработка со моите колеги од Советот, најдобри резултати за нашата заедница. Затоа, едвај чекам да продолжам со мојата активна програма за претставување на Советот на идните настани и да се сретнам со прекрасните луѓе што живеат и работат во нашата заедница“, напиша Стерјова.

Овој инцидент предизвика реакции на неколку македонски организации. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) смета дека успесите на најмладата жена градоначалник во историјата на Австралија е постигнувања кое треба да биде причина за славење на сите Австралијци.

„За жал, Емилија стана дел од групата на Македонци кои се изложени на брутални напади од страна на истите луѓе кои го негираат и потиснуваат македонскиот етнички идентитет.

Наместо да ги прослават различностите и етничкиот плурализам во Австралија што беше зајакнат со изборот на Емилија за градоначалник, грчката заедница во Мелбурн ја нападна и вербално ја малтретира Стерјова. Таа не е нападната од страна на грчката заедница за нејзините политички приоритети и ставови како градоначалник, туку поради фактот што се идентификува како етничка Македонка. Оваа погубна реторика ја рефлектира политиката на Грција кон Македонија и Македонците, и таквата предодреденост не припаѓа во Австралија.

Заканите и повиците Стерјова да се повлече од функцијата градоначалник бидејќи таа се идентификува како Македонка се апсурдни и расистички, но заканите по нејзиниот живот се позагрижувачки и застрашувачки. Само-идентификацијата како етнички припадник на одредена група е основно човеково право што важи за сите граѓани на слободни држави. Секој обид заканите по Стерјова да се преиначат во некој вид на „политички коментар“ е само начин да се промени природата на нападите кон неа. Грчката кампања кон Стерјова не е политички коментар, туку личен, дискриминаторски и расистички напад на сметка на Емилија... Таа со нејзиниот говор и присуство на прославата го славеше македонскиот идентитет, но не на сметка на Грција или грчката култура и цивилизација. За жал, истото не може да се каже за грчката политичка заедница во Австралија, која преку брутални вербални напади се обидува да го омаловажи и заплаши активизмот на Македонците во Австралија и светот“, сметаат од ОМД.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе