Mакедонија воспостави дипломатски односи со Филипини

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи и неговиот колега од Република Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

„Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Република Северна Македонија за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за промоција на економските и трговските врски, како и зајакнување на досегашната успешна соработка на мултилатерално ниво”, истакна министерот Османи.

Чинот на официјализирање на пријателството меѓу Македонија и Филипини, што се реализираше на 76-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, претставува солидна основа за унапредување на дијалогот на сите нивоа, како и за градење на договорната рамка и развој на соработката во голем број области како културата, образованието, здравството и туризмот.

Република Филипини е 181 земја со која Македонија има воспоставено дипломатски односи.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе