Македонија стана членка на Унијата на Медитеранот

Во рамки на Регионалниот Форум на Унијата за Медитеранот, што денес се одржува во Барселона, министрите за надворешни работи на 42 земји – членки едногласно ја донесоа одлуката за полноправното членство на Македонија во Унијата за Медитеранот - организација која ги вклучува сите земји членки на ЕУ како и медитеранските земји кои не се дел од ЕУ. На Форумот присутен беше министерот за надворешни работи Бујар Османи кој во своето обраќање оцени дека од денеска ќе биде полесна интеграцијата на земјата во ЕУ.

Османи се заблагодарил за укажаната доверба кон нашата земја.

„Нашето учество во Унијата за Медитеранот како платформа за регионална соработка и дијалог ќе ни овозможи како земја со отпочнати преговори за членство во ЕУ, поблиско вмрежување и интеграција на Северна Македонија во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен и соодветна интеракција со земјите од Европската Унија и петнаесетина земји од Јужниот и Источниот Медитеран", кажал Османи во обраќањето, како што пренесува МНР.

Османи, меѓу другото, истакнал дека Македонија, со својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа преку промовирање на европските вредности, добрососедски односи, регионална соработка и културата на дијалог.

„Со денешното приклучување во работата на организацијата, Северна Македонија ќе се обиде да придонесе за промовирање на растот, вработувањето, регионалната кохезија и социоекономската интеграција, додавајќи вредност на севкупните односи во Евро-медитеранскиот регион“, истакнал македонскиот министер.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе