Работилница во МНР

Македонија се подготвува за полноправното членство во НАТО

Пренесување на искуствата и најдобрите практики за прилагодување на работните процеси на Постојаната мисија на Република Северна Македонија во НАТО и надлежните државни институции со обврските за претстојното полноправно членство е целта на работилницата која денеска ја организира Министерството за одбрана со претставници од делегацијата на Обединетото Кралство во НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која заедно со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј присуствуваше на работилницата, рече дека е задоволна што со британска поддршка ја организираат првата серија подготовки како домашниот систем на државата ќе функционира во соработка со нашата Постојана мисија во НАТО и на кој начин да го извлечеме максимумот од нашето членство во најмоќниот воено-политички сојуз.

„Република Северна Македонија ги прави последните чекори пред членството во НАТО, нашиот стратешки и државен приоритет број 1. Денеска ги правиме и последните чекори во подготовката. Нашата амбиција не е само да бидеме член во Алијансата, туку да бидеме добро подготвена членка која целосно ќе ги искористи предностите на НАТО членството“, рече Шекеринска

Таа оцени и дека вестите кои доаѓаат од Шпанија се позитивни, последна од членките на Алијансата која требада го ратификува протоколот за членство.

Амбасадорката Галовеј изјави дека Обединетото Кралство е особено гордо на силните безбедносни и билатерални врски со Северна Македонија, кои се зајакнуваат во изминатите години и ќе продолжи со поддршката на евроинтеграциските процеси на земјата.

„Ни претставува задоволство што во пресрет на исполнувањето на вашата цел за членство во НАТО нашата делегација од Брисел е тука и може да помогне подобро да се подготвите. Ги поддржуваме реформите што се преземаат и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Имаме тим на Криволак кој работи со припадници на Армијата, како и советник во Министерството за одбрана и ќе продолжиме и во иднина“, изјави Галовеј.

Земјата, според Галовеј, веќе има силна улога во НАТО и сега ќе го заземе полноправното место во структурите за носење одлуки.

„Ние тоа го видовме, кога знамето на Северна Македонија гордо се развиори на НАТО самитот во Лондон во декември минатата година“, рече Галовеј.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе