Анкета на МКД.мк и Маркет вижн

Македонија се движи во погрешна насока, најлоши се здравството и судството, а на избори 12,3% би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и 10,8% за СДСМ

Повеќе од половина од граѓаните на Македонија сметаат дека државата се движи во погрешна насока и како најлоши области ги оценуваат здравството и правосудството, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од МКД.мк и агенцијата Маркет вижн. Граѓаните најдобро ја оценуваат работата на претседателот на државата, а најслабо на судството. Негативно мислење имаат и за работата на Специјалното јавно обвинителство и речиси половина од анкетираните сметаат дека не треба повеќе да постои. А доколку утре има парламентарни избори, повеќето граѓани би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. 

На прашањето „Општо гледано, Македонија се движи во добра или во погрешна насока?”, 57,6% од анкетираните одговориле дека се движи во погрешна насока, а 30,1% во добра насока. Кај анкетираните Македонци процентот за „погрешна насока” е 42,3, а кај анкетираните Албанци 9,4. 

 

Што се однесува до областите, најмногу е влошена состојбата во здравството за што се определиле 66% од анкетираните, потоа правосудството кое се влошило според 54% анкетирани и образованието со 53%, без разлика на етничката припадност. Подобрување има во соживотот меѓу различните вери и националности (41%), интеграцијата кон ЕУ (37%), слобода на медиумите (36%). Надворешната политика, условите за бизнис и странските инвестиции не добија „преодни” оценки. 

Кога се работи за институциите во државата, највисока оценка доби претседателот-3,2, премиерот има 3,05, Владата 2,70, јавната администрација 2,64, градоначалникот на општината во која живеат анкетираните 3,2, СЈО 2,58 и најниска е оценката за судството-2,35. 

Високи 52,6 отсто од граѓаните сметаат дека СЈО не ги исполни очекувањата за своето постоење, само 6,9% мислат дека целосно ги исполни, а 26,1 дека до некаде ги исполни. На прашањето, пак, дали СЈО треба да постои и понатаму, 46,8% велат дека не треба да постои, а 37,7 отсто се „за” натамошно функционирање на СЈО. На ова прашање повеќето од анкетираните Македонци се изјасниле дека не треба да постои, а кај Албанците повеќето сметаат дека треба да постои. 

Во однос на работата на правосудството, анкетираните речиси се едногласни, високи 84 проценти сметаат дека не функционира, а 16% дека функционира. Најголем дел од нив велат дека не функционира целиот систем, 36,5 отсто, 22,3 отсто мислат дека проблем се судиите, 10,9 отсто дека е премиерот, Јавното обвинителство е проблем за 6,3 отсто, а СЈО за 1 отсто. 

На прашањето за проектот за враќање на 15 отсто од ДДВ процентот на оние што имаат позитивен и негативен став е речиси ист - 31,3, односно 31,9 отсто, но мнозинството граѓани, 61,2 проценти, не сметаат дека оваа мерка значително ќе влијае на нивните финансии, додека 38,8% мислат дека позитивно ќе влијае. 

На прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори за кого би гласале, за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 12,3 отсто, за СДСМ 10,8 отсто, за ДУИ 2,1 отсто, за Алијанса за Албанците 1,7 отсто, а за Алетрнатива 0,1 отсто. Најголем процент - 27,5% рекле дека нема да гласаат. Првите три партии најголема поддршка имаат во скопскиот регион. 

Оние граѓани кои се изјасниле за која партија ќе гласаат одговараа и на прашањето како ја оценуваат работата на лидерот, при што Зоран Заев има највисока оценка 4,59, Али Ахмети - 4,24, Билал Касами 4,33, Христијан Мицкоски 4,20, а Зијадин Села 4,00. 

Најголем процент од определените за одредена партија велат дека ќе гласаат за неа за да се даде шанса на нови лица во политиката, потоа за да го слушаат членството и народот, за да има промени во раковоството и да ги остваруваат ветувањата од кампањите. 

Анкетирањето беше спроведено од 8 до 13-ти јули 2019 година, телефонски, на на примерок од 1.200 испитаници.

Ж.П.Б.

Објавено

Вторник, Јули 16, 2019 - 11:10

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе