Македонија протера уште шест руски дипломати

Амбасадорот на Руската Федерација во Mакедонија Сергеј Баздникин, денеска повторно бил повикан во Министерството за надворешни работи каде му била врачена дипломатска нота со која шестмина дипломати во амбасадата се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, соопшти МНР.

И на 28 март Баздникин бил повикан во Министерството за надворешни работи кога му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

 

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе