По добиени безбедносни информации

Македонија прогласи руски дипломат за персона нон грата

Руски дипломат е прогласен за персона нон грата и за неколку часа тој треба да ја напушти Македонија, потврдија за МКД.мк официјални извори. Како што дознаваме, на 14 мај во Министерството за надворешни работи бил повикан рускиот амбасадор Сергеј Баздикин за да му биде соопштено дека еден од дипломатите во неговата амбасада е прогласен за непожелна личност.

Средбата со амбасадорот и соопштувањето на причините биле во согласност со дипломатскиот протокол, а според нашиот извор, „однесувањето на дипломатот не било во согласност со однесување што се очекува од земјата домаќин“.

Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата и соопшти дека согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија.

„Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, пишува во соопштението од МНР.

Член 9

1.Државата во која се акредитира, може во секое време и без обврска да ја образложи својата одлука, да ја извести државата која акредитира дека шефот или кој било член на дипломатскиот персонал на мисијата е персона нон грата или дека кој било друг член на персоналот на мисијата не е прифатлив. Државата која акфредитира тогаш ќе го отповика лицето кое е во прашање или ќе ги заклучи неговите функции во таа мисија според случајот. Некое лице може да биде прогласено за персона нон грата или како неприфатено и пред да дојде на територијата на државата кај која се акредитира.

2.Ако државата која акредитира одбие да ги изврши или не ги изврши во разумен рок обврските кои ги презема согласно точка 1 од овој член, државата кај која се акредитира може да одбие на лицето за кое станува збор да му го признае својството на член на мисијата.

Овој случај е прв од таков вид во односите со Руската Федерација кога станува збор за став на Владата во согласност со безбедносен увид на надлежните служби на Македонија „за зачувување на суверенитетот на државата".

Дипломатски извори велат дека Македонија презеде ваква мерка во 2018 година веднаш по скандалот со труењето на рускиот поранешен агент Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија, но тогаш тоа беше како знак на солидарност со Велика Британија, како и со САД и ЕУ.

Дали последниот случај со дипломат од Руската амбасада е поврзан и со неодамнешните активности на европските држави за откривање на шпионски групи во повеќе европски земји, останува засега без одговор.

П.Џ.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе