Извештај на Претставничкиот дом на Холандија

Македонија постигна напредок кон започнување на преговорите со ЕУ, загрижува иселувањето на младите

По извештајот на Европската комисија во кој беа позитивно оценети реформите во правосудството, добивме позитивен извештај и од Делегацијата на Постојаниот комитет за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија која ја посети земјава во февруари годинава, соопшти Министерството за правда.

Од последната посета во мај 2019 година, известувачот констатирал дека Македонија постигнала дополнителен напредок кон започнување на преговорите за пристап во ЕУ. Тој додава дека секоја земја кандидат за членство треба да се цени според заслугите и повикува Албанија и Македонија да се третираат одвоено во носењето одлука за отворање пристапни преговори со ЕУ.

„Во извештајот е нотирано дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во прилагодувањето на домашната политика и законодавството во согласност со правото на ЕУ. Извештајот потенцира дека, околу 34% од европските правила од регулативите и директивите во областа на правдата и внатрешните работи се веќе имплементирани во домашното законодавство. Исто така, во извештајот се констатира дека во Република Северна Македонија е забележана суштинска мотивација и убедлива посветеност на реформите од страна на власта“, пишува во соопштението.

Според известувачот, усвојувањето на Законот за Јавното обвинителство бил импресивен резултат, кој овозможил продолжување на истрагите, а, како што вели, законот не содржи скриена амнестија која ќе им овозможи на одредени (поранешни) политичари да избегнат истрага.

„Овој позитивен извештај се очекува да биде основа на дискусијата во Холандскиот парламент за проширувањето на ЕУ на Балканот“, се додава во соопштението.

Во извештајот се наведува и дека загрижувачки развој во земјава е што многу талентирани и амбициозни млади луѓе емигрираат во ЕУ, особено во северозападна Европа, со цел да најдат работа и да останат таму да живеат. Некои високо-образовани млади луѓе, се додава, студираат во ЕУ и исто така остануваат таму д аживеат после дипломирањето.

„Овие млади луѓе често ја наведуваат несигурноста за иднината на земјата како причина да не се вратат дома. Ова е причина за загриженост“, пишува во извештајот на Претставничкиот дом на Холандија.

Извештајот е објавен на веб-страницата на Претставничкиот дом на Холандија.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе