Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Македонија одамна го нема тој луксуз да загуби уште една генерација

Ова ќе биде победа на сите млади чии срца чукаат за промени, ова ќе биде победа против оние кои сакаат бунтовноста денес да ја замолчат. Ова ќе биде победа на жедните за правда, оние кои копнеат за сигурност, и оние кои си ветуваат себе си, дека нема да потрошат уште макар еден ден загубен овде, во сивилото наталажувано со децении и политиканството градено со години, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Македонската Филхармонија, каде денеска се одржува 28-мата Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот Младите за обнова на Македонија.

„Еден новинар ме праша што очекувате од младите на овие избори…Јас му одговорив дека очекувам тие, сите вие во оваа преполна сала да бидете свои единствени, да бидете она што сте и да се борите за она што сакате да бидете. Да рушите бариери, да надминувате стереотипи, да бидете промената, да бидете обновата која ќе ја донесеме. Младите се за обнова не затоа што тоа е фраза, туку тоа е насушна потреба. Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја има слободата, а секој од вас го има мојот збор дека ќе ви бидам најголемиот поддржувач за вашите идеи и вашите цели.

Затоа што Македонија одамна го нема тој луксуз да загуби уште една генерација која ќе се исели. Повеќето села оддамна се празни, а сега градовите се празнат, а генерациите си заминуваат. Иселувањето не е како калемење на растение, туку тоа е како да го откорнете од родната грутка и го пресадите таму некаде далеку, на друга почва и во други услови. Колку и да боли, колку да пече, ова е реалноста во Македонија. Можете на двете раце да наброите имиња од ваши врсници, луѓе од вашата генерација, вашето семејство кое се иселиле. Македонија останува празна, а господари на она што малку преостанува се оние кои мислат дека власта е нешто што природно им припаѓа, па така опиени од нејзе гледаат на функциите единствено како средство за богатење, наместо место од кое теба да им слугуваат на граѓаните. И сиот тој гнев кој го чуствува секој еден човек во земјата е десетпати поголем кај младиот човек, кај студентите, средношколците, тинејџерите кои гледаат дека некој им ја краде слободата, државата, а со тоа им ја краде иднината. А иднината им припаѓа, на кој друга, ако не на вам, младите“.

Мицкоски најави скратување на привилегиите на функционерите, бидејќи како што рече, не може некој да се луксузира додека народот јаде леб и сол. Кратењето на привилегиите, најави, ќе почне од него.

„Ако можам јас да минувам илјадници километри за еден месец тоа ќе мора да го прави секој“, истакна  Мицкоски.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески истакна дека нема млад човек кој е задоволен од животот во земјава.

„Кажете ми дали има еден млад човек со кој сте разговарале и ви рекол: Одлично е, супер се живее, ќе биде подобро? Нормално дека нема таков. Заев и СДСМ ја убија и последната ронка надеж кај младите дека можеме повторно да бидеме горди, достоинствени и на патот на победите! Наместо одлично е и супер се живее, слушаме млади кои велат: Нема иднина, само на полошо оди. Вака веќе не оди, во странство е спасот. Зарем ова е тоа блескање? Зарем вака Зоран Заев и СДСМ го замислуваат блескањето?

Се што ветија – излажаа. Од што лажат, Заев кога оди по улица и ќе каже на некој млад човек Добар ден, човеков се развртува да види дали навистина е ден, да не случајно Зоран Заев повторно излажал.

А има и зошто да е така.

Ветија најдобро образование, а за жал сега најдобриот македонски универзитет Св. Кирил и Методиј е на 1816 место на Шангајската листа. Не е ни во првите 1500. Образованието во афричките земји котира десетици пати повисоко.

Ветија закон за високо образование, законот не функционира цела година.

Ветија студентски град во Скопје за сите студенти од внатрешноста, а на дело гледаме држава која се распаѓа и чија младина секојдневно се иселува. Студентскиот град остана само ветување со кое сега пак ќе сакаат да добијат гласови од младите.

Ветија нови работни места и 500 евра плата за младите, гледаме полни автобуси и авиони како заминуваат секој ден. Ги ветија Гугл и Фејсбук во Македонија, ветиле дури и 300 пилоти дека ќе вработат. Какво понижување за младите...

Ветија живот за сите млади, а гледаме дека живеат и се вработуваат само децата на функционерите од власта, а сите останати само преживуваат.

Ветија дека ќе вратат 600.000 млади, оставаа чевли пред Владата, наместо да вратат, избркаа уште повеќе“, истакна Јаулески.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе