По апсењето во Србија

Македонија нема основа да бара екстрадиција на дипломатот Миленковски, вели Маричиќ

За нашиот дипломат кој е во притвор во Србија кај нас нема отворена постапка, заради која што ние би го барале како држава. Ние како Министерство за правда не сме добиле информација врз основа на која треба да бараме екстрадиција или трансфер на осудено лице, изјави денеска миинстерот за правда Бојан Маричиќ.

Министерот нагласи дека институциите од Србија не стапиле во контакт со Министерството за правда, но тој нема информација дали е стапено во контакт со македонското Министерство за внатрешни работи.

„Јас ги имам информациите што ги имаат веројатно и јавноста и дел од владините функционери. Министерството за правда нема тука улога, бидејќи лицето кое што е во притвор, нашиот дипломат кој што е во притвор во Србија, нема кај нас отворена постапка заради која што ние би го барале како држава“, рече Маричиќ.

Тој напомена дека може да се бара екстрадиција или транфер на осудено лице, меѓутоа, како што рече, дипломатот засега не е осуден, ниту пак во земјава има постапка врз основа на која ќе треба да го бараат.

МКД.мк на 3 септември го отвори случајот со апсењето на Миле Миленковски, заменик амбасадор при македонската мисија во ОБСЕ, како случај зад кој се тркала голема крими - приказна поврзана со настани во Ерменија и вклученост на Интерпол. Миленковски повеќе од еден месец се наоѓа во притвор во Врање.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе