Македонија нема да ги признае референдумите во Украина, најави Османи

„Најважно е Украина да победи во војната со Русија, а Северна Македонија нема да ги признае манипулативните референдуми кои се одржуваат во дел од Украина со цел Русија да анектира територија“, најави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите од кои го доби ова прашање. Според него, тие што се на страната на Русија се и против сопствените национални интереси. „Кога посилна земја анектира територија од помала земја, тоа предизвикува домино - ефект, тоа треба да се објаснува“, рече Османи.

„Тие манипулативни референдуми нѐ алармираат и нас, не само како земја која ќе претседава со ОБСЕ, туку и во однос на нашите национални интереси. Тоа ги загрозува сите независни држави, особено малите земји како нашата и ние никоаш нема да ги признаеме резултатите од референдумите“, нагласи Османи.

Во последниот период Македонија нема официјални контакти со Русија, а како што рече Османи, ниту тој нема со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

„Политичка комуникација и контакти нема. Нашата позиција е јасна дека Русија изврши агресија на меѓународното право и на Украина и тоа мора тоа да се прекине, за потоа да се размисли за нормални односи со Русија", рече министерот.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе