„Солидарноста на дело“

Македонија ја нема меѓу земјите кои ќе добијат помош од пакетот на ЕУ од 530 милиони евра

Македонија не е дел од земјите опфатени со пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Солидарниот фонд на ЕУ. Информацијата ја објави и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Твитер и напиша „Солидарноста на ЕУ на дело“, набројувајќи ги земјите кои ќе бидат опфатени со овој пакет, меѓу кои и Србија, Црна Гора и Албанија.

Со предлогот на Европската комисија се опфатени 17 земји членки и 3 земји кандидати, односноАвстрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија и Шпанија, плус Албанија, Црна Гора и Србија. Како што стои во соопштението од Европската комисија, средствата кои треба да ги добијат се поддршка на нивните јавни трошоци за медицинска и лична заштитна опрема, итна поддршка за населението и мерките за превенција, мониторинг и ширење на коронавирусот.

„Солидарниот фонд на ЕУ е конкретна демонстрација на европската солидарност на дело. Од неговото формирање испорачана е ефективна помош за милиони луѓе во овие тешки времиња. Сега предлагаме мобилизација на неопходна финансиска помош што за борба против коринавирусот. Солидарниот фонд уште еднаш ја остварува својата главна мисија“, изјави Елиса Фереира, комесарка за кохезија и реформи.

Финансиската помош предложена од Европската комисија треба да биде одобрена и од Европскиот парламент и од Советот, а потоа распределена на 20-те земји.

Инаку, од земјите кандидати Србија треба да добие речиси 12 милиони евра, Црна Гора скоро 200 илјади евра, а Албанија 900 илјади евра.

 

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе