Во интервју за бугарската ТВ Нова

Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки, вели Каракачанов

Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставивме, рече вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската ТВ Нова.

Според него, Република Северна Македонија имала шанса да одреди датум за преговори уште во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.

„Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори“, рече Каракачанов.

Според него, Бугарија е „за" проширување на ЕУ на Западен Балкан, но загрижува говорот на омразата против сè што е бугарско.

„Омразата се заснова на грубо и гнасно фалсификување на историјата“, вели Каракачанов.

Тој, денеска, пак во гостување во неделната програма „Беновска пита" на Радио К2, најави дека следната недела на средби во Софија оди специјалниот претставик на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.

„Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму“, рече Каракачанов.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе